„ТЕ ЧЕКАВМЕ НА УТРИНСКО КАФЕ, А НАМЕСТО ТЕБЕ, НИ ПРИСТИГНА ЖАЛНАТА ВЕСТ“: Почина деканот на Економскиот факултет
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024
На 63-годишна возраст, ненадејно почина професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економски факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје.
Тој почина 11 дена пред неговиот 64-ти роденден.
Професорите на универзитетот се простија од својот колега.
„Те чекавме на утринското кафе пред да почнеме со часовите и денот, а наместо тебе, ни пристигна жалната вест за твоето неочекувано заминување! Нѐ остави со голема празнина таму каде што беше ти, во нашите срца, во училниците на Универзитетот! Ќе го паметиме вчерашниот ден, 16 декември, во спомен на сите прекрасни денови и предизвици што ги поминавме заедно!Нека ти е светол патот во вечноста!“, стои во објавата на професорите на универзитетот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.