ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛОТО НА ЕКС НАЧАЛНИКОТ НА СВР ШТИП: На паркингот пред станбена зграда
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024
Повторно е запалено возило во Штип, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а во Полициската станица во Штип настанот бил пријавен во пет минути по полноќ.
Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото. Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци. Во октомври беше запалено и возилото на управителот на регионалната М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица „Сремски фронт“ во Штип.
Фото:МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.