МЗ се огласи со појаснување: Исти ќе бидат цените за приватно лекување во јавното здравство
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2023 21:13
МЗ по бројните негативни рекации од јавноста, излезе со појаснување за МИА, во кое тврди дека ќе бидат исти цените за косовските и албанските државјани како за македонските, но за приватно лекување во јавното здравство.
Од таму велат дека станува збор за корекција на ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти до кој е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани.
- За овие промени не требаше никакви промени во Законот и дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници, односно еден ценовник за приватни здравствени услуги. Со оваа промена, на странските државјани им даваме право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што го промовираме јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава, конкурентна на пазарот на трудот, појаснуваат од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека на таков договор се работи и со Грција.
Денеска министерот Фатмир Меџити предизвика негативни реакции во јавноста со изјавата дека е донесена наредба косовските и албанските државјани да се лекуваат под исти услови како и македонците, што беше разбрано како бесплатна услуга.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




