18 Декември, 2025
0.0698

НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА Е ХОСПИТАЛИЗИРАНО БЕБЕ СО ГОЛЕМА КАШЛИЦА: А, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецов

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2024 07:34

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести денеска ќе има средба на која ќе се разговара за актуелната состојба за сите заразни заболувања, не само за големата кашлица и за сезонскиот грип. Според здравствените власти, пикот на грипот се очекува да биде кон крајот на месецов и почетокот на март.

Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести, во изјава за Фактор вели дека бројките на заразени со инфлуенца се во пораст.

-Според извештаите и секако во изминативе 13 години пикот на грипот е кон крајот на февруари и почетокот на март. Ќе видиме годинава како ќе биде, но го очекуваме токму тогаш. Сега дефинитивно извештаите покажуваат дека случаите на грип се во пораст, односно дека има зголемување на бројките. Во овој момент, се наоѓаме на границата помеѓу ниска и средна активност на вирусот на грип, не сме влезени во зоната на висока активност. Грипот се уште не го земал замавот, вели д-р Мехмедовиќ.  

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 8 починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, пет од возрасната група на лица 15-64 години и три од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осумте лица е докажан Influenza А(H1)pdm09. Само во последната недела од јануари починаа две млади лица, еден пациент на 20 годишна возраст и еден на 36 годишна возраст.

Што се донесува пак до големата кашлица, досега има 11 пациенти кај кои е детектирана оваа болест.

Извори на Фактор брифираат дека на Клиниката за детски болести минатата недела, односно во четвртокот е хоспитализирано бебе со пертусис. Малечкиот пациент е на 1,5 месечна возраст.

Од заразените со пертусис двајца пациенти се возрасни, а останатите се бебиња и деца, кај кои, како што посочува д-р Мехмедовиќ, компликациите може да бидат сериозни.

-Компликации може да настанат и по три месеци. Упорната кашлица предизвикана од опасната бактерија Bordetella pertussisможе да трае многу долг период и може да предизвика низа сериозни компликации. Некои завршуваат и фатално, особено бебињата и малите деца кои не се вакцинирани, посочува д-р Мехмедовиќ.

Здравствените власти апелираат на вакцинација, за која велат дека е најдобрата и најсигурната превентива.

-Вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од пертусис и од сите други болести за кои постојат вакцини. Упатувам уште еден апел до родителите максимално да се почитува календатот за имунизација“, нагласува Мехмедовиќ.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери