На Духовден изменет сообраќаен режим кај гробиштата Бутел
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2016
Поради верскиот празник Духовен, во сабота сообраќајот кај гробиштата Бутел од 7 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање, ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата.
Ова го соопштија денеска од МВР. За излез, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.
Во петок и недела кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник, од сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат преземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.