02 Мај, 2024
0.0273

На падините на Бистра, со поглед кон Мавровско езеро никнува нов станбен комплекс

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во атарот на живописното планинско село, во падините на Бистра со прекрасен поглед кон Мавровско езеро никнува нов станбен комплекс.

Распослан на надморска височина од 1300 метри комплексот нуди исклучителна планинска убавина а домувањето го претвора во идилична комоција.

Photo 1

Инвеститор на станбениот комплекс Маврово е на АД Пелагонија Гостивар и истиот се протега на површина од околу 6000 метри квадратни со голем паркинг простор околу самиот објект.

Комплексот на располагање има 105 апартмани кои ќе бидат вселиви од декември 2016 година, а што се однесува до цената, продажбата на становите почна од 600 евра по метар квадратен .

Photo 3

Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Се водевме од анализата на пазарот која ни покажа дека ваков тип на објект недостасува на планините. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел“ - изјави Александар Смилковски, член на управниот одбор на Пелагонија Гостивар, инвеститор во станбениот комплекс.

Оние кои го сакаат планинскиот туризам и уживаат во природа сега имаат одлична дестинација , вели Смилковски.

Со само 15% учество секој може да направи резервација на становите кои се со големина од 30-50 метри квадратни. Квалитетот на становите е на високо ниво, опремени се со ламинатен паркет Кронотекс, произведен во Германија, керамички плочки со врвен квалитет увезени од Шпанија. Во секој апартман како и во заедничките простории се поставени термоизолациони стакла. Целиот објект е енергетски ефикасен и располага со сопствена трафостаница“, изјави Влатко Богоевски од Фортон, агенцијата за недвижнини одговорна за продажба на становите.

[gallery ids="216964,216965,216966"]

Во рамки на станбениот комплекс, обезбедено е место за приготвување на скара и организирање на пикник, семејни и пријателски средби, а има и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема (ски опрема, велосипеди) и притоа да бидат сигурни дека ќе им биде на безбедно место.

Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до„клуч на врата“, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

[gallery ids="216968,216969,216967"]

Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Комплексот е во фаза на развој на изгледот на ентериерот-дизјан кој може да биде адаптиран и прилагоден на желбите и потребите на идните станари.

Единствената местоположба, за идните сопственици на становите овозможува да можат да уживаат во прекрасното откривање на планината и нејзината раскошна убавина во секое време од годината.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа