На Попоски му е тешко да прогнозира: Влада или нови избори?
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017 15:09
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за Хрватска телевизија вели дека во моментов е тешко да се прогнозира дали ќе има нова Влада или нови избори.
Попоски вели дека праксата ни покажала дека најдобро е кога има влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на одлуките одлучувате колку е успешна.
„Веројатно економската димензија е и најголемиот мотиватор за побрза стабилизација. Политичката криза веројатно ни го забави економскиот раст кој и претходно беше меѓу најдобрите во регионот се уште останува добар, но веројатно многу подобро би направиле доколку се затвори кризата. Еден дел, би рекол, главниот дел од затворањето на таа криза е успешно спроведените парламентарни избори во декември и тоа беше еден предуслов од политичкиот договор кој го постигнавме во земјата. Во овој момент тешко е да се прогнозира кога во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле на повторни избори, но праксата ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на одлуките одлучувате колку е успешна“, изјавил вицепремиерот Попоски запрашан кога и дали Македонија ќе добие стабилна влада.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




