НА ПОТЕГ УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ: Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019
Холандија го ратификува протоколот за НАТО.
Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Оваа информација на својот Фејсбук профил ја објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утрово изјави дека очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, а останува само ратификацијата во Шпанија, за што посочни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.
„Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство да биде час поскоро“ – изјави Шекеринска.
Македонија сега ќе чека да се завршат процедурите во Франција и Шпанија.Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние рече дека државата ќе го ратификува протоколот до крајот на годината.
Премиерот Зоран Заев пак, денеска оцени дека добро е што имало успешни избори во Шпанија.