НА СЕВЕР НЕ СЕ ДИШЕ: Колку ПМ честички има во воздухот?
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018
Куманово денеска е високо загадено, а нешто помала загаденост имаат скопските општини и Тетово, покажаат податоците од Мерните станици на Министерството за животна средина.
Дебар, Кичево, Струмица, Кавадарци, се ниско загадени.
Во Куманово моментално според Мој воздух има 41 ПМ честичка на 100 микограми, а исто ниво е забележано и во Центар.
Во Тетово има 38 ПМ на 100 микрограми, во Гостивар 36, во Струмица 25, Велес 22.
На ранг листата на air visual, денеска Скопје е 22 најзагаден град во светот. Пред нас е Сараево на 21 место.
Прв е Лахоре во Пакистан.
Скопје деновиве беше на 8 место на листата на најзагадени градови во светот, а минатата недела се позиционираше на високата 6 позиција.
Македонија е меѓу најзагадените земји на Балканот. Европската агенција за животна средина во извештај за квалитетот на воздухот во Европа за оваа година ги објави и податоците за смртност во апсолутни вредности. Извештајот ги покажува последните официјални податоци за квалитетот на воздухот од повеќе од 2.500 мерни станици, а се однесува на 2015 година. Во Македонија поради загаден воздух имало 3.000 смртни случаи.