На телото на поранешната полицајка немало траги на насилство
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2022
Нема траги на насилство на телото на починатата жена во Охрид која претходно работела во полиција.
Четириесет и двегодишна жена во Охрид е пронајдена почината во нејзиниот стан. Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција, е констатирана смрт без траги на насилство.
Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 15:45 часот дека во стан на улицата „Сирма Војвода“ е пронајдена починатата М.М.Ш. од Охрид.
Починатата е поранешна припадничка на полициската служба на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.