НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов
Објавено во: Македонија, Свет 02 Јануари, 2025
Бездомник од Македонија починал во Италија.
Случајни минувачи вчера го нашле во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“. Луѓето веднаш повикале полиција. Тој бил на возраст околу шеесет години.
Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но никогаш не правел проблеми. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.