Над 3000 поплавени семејства добија пари од Црвен Крст
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Црвениот крст на Македонија денеска ги уплати парите на 3.515 семејства погодени од поплавите.
Средства добија домаќинствата согласно добиените финални списоци од надлежните институции со податоци на лицата погодени од катастрофата.
„Останува да се префрлат пари на уште 194 семејства чии податоци дадени во нотарските изјави имаат одредени недостатоци па по добивањето на коригирани податоци веднаш ќе бидат префрлени и овие средства до крајните корисници“ - велат од Црвениот крст.
Според направените проценки, секое семејство ќе добие по околу 250 евра.
Парите за поплавените семејства се собрани по пат на донации од хуманите граѓани.
Исплатата малку доцнеше поради подготовка на списоците.