16 Јануари, 2025
0.0261

Над наше небо: Кога ќе започне а кога ќе заврши утрешното помрачување?

Објавено во: Македонија 19 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Целосното помрачување на Сонцето кое ни се доближува – најголемо во Европа од 1999 – ќе блокира повеќе од 90 одсто од Сончевата светлина над некои делови од Европа а ќе се случи на 20 март (утре) и ќе трае околу два часа.

Ова помрачување, е резултат на поминувањето на Месечината помеѓу Земјата и Сонцето, и би можело да предизвика проблеми во соларното напојување.

Во Скопје помрачувањето се очекува да започне во 09:38 часот, својот максимум ќе го достигне во 10:46 часот, а ќе заврши во 11:55, што значи дека ќе трае околу 2 часа и 17 минути.

Во Куманово помрачувањето се очекува да започне една минута после Скопје во  09:39, максимум ќе достигне во 10:46 часот,  а ќе заврши во 11:56.

Во Битола ќе започе во 09:37 часот, максимуот ќе биде забележлив во 10:44, а ќе заврши во 11:53.

И во Охрид  помрачувањето ќе започе во  09:37 часот, својот максимум ќе го достигне во 10:43, а ќе заврши во 11:53 часот.

Ова се четирите града за кои светскиот „Тајм енд дејт“ дава информации.

Како што ќе напредува помрачувањето, така ќе се намалува и температурата. Небото ќе станува се потемно, а светлината која ќе биде присутна ќе има чудна боја, како на филм. На крај ќе дојде до целосно помрачување, а Сонцето ќе исчезне. При таа прилика ќе ја здогледате Венера, Марс и Меркур како сјаат на темното небо.

path-760

Со црвената боја е обележан регионот каде што ќе може целосно да се гледа затемнување на Сонцето.

Темната портокалова го претставува регионот каде што повеќе од 90% од сонцето, ќе биде видливо.

Како што се намалува портокаловата боја толку сонцето ќе биде видливо од Месечината.

А белата боја е регионот каде што Затемнувањето нема да биде видливо.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено