06 Декември, 2025
0.3554

НАФТОВОДОТ, ЖЕЛЕЗНИЦАТА, АКЦИЗИТЕ, ЦАРИНАТА, ДДВ-ТО, СУБВЕНЦИИТЕ, ПАРАФИСКАЛНИТЕ ДАВАЧКИ - ја разбрануваа јавноста

Објавено во: Економија, Колумни 18 Април, 2020 11:37

Добивај вести на Viber

Изминатата недела продолжи бурата на реакции во јавноста околу прашањата изнесени во моите претходни колумни, поврзани со предлозите за пазарот со нафтени деривати. Посочив неколку пати, но пак ќе потенцирам – сите предлози и иницијативи потекнуваат од самата деловна заедница – сите овие идеи и предлози стигнаа до мене како одговор на дописот кој го испратив до сите членови на органите и телата на Стопанската комора на Македонија и како резултат на дискусиите на претставниците од стопанството во Економскиот совет при Владата на РСМ.

Сепак, останувам на ставот дека сите овие прашања заслужуваат широка дискусија и таа треба да се одвива помеѓу сите засегнати чинители. Многу од нив се и претходно многупати повторувани и покренувани во јавноста и однапред се извинувам ако на моменти ви се чиниме досадни со истите барања, но за сите овие прашања јавноста заслужува уште еднаш да ги слушне дилемите на бизнис заедницата, особено сега, во период во кој македонското стопанство се соочува со здравствена криза која предизвика економска криза од невидени размери, а во услови кога сé уште не може прецизно да се согледа до кога оваа состојба ќе трае и колкави ќе бидат кумулативните негативни ефекти за македонската, но и за светската економија.

Затоа, следното прашање што ќе го покренеме ќе се фокусира на една од нашите движечки сили – ИЗВОЗОТ. Свесни сме дека многу можеше и досега да се направи за да се даде поткрепа на овие пионери (едвај 5% од вкупниот број на деловни субјекти во земјата, кои успешно со години успеваат да стигнат на пазарите ширум светот), но во овие услови, повеќе од кога било треба да се сослушаат нивните предлози за надминување на прашањата кои им се сериозен товар во секојдневното работење. Три се прашањата што ќе ги покренеме – дали е крајно време царинските стапки за увоз на суровини и репроматеријали од трети земји да се укинат, односно да се усогласат со стапките што се применуваат во ЕУ, апелот што побрзо да се реактивира железницата како транспортна опција и барањето да се поедностави товарот за извозниците, преку активирање на можноста за пребивање на ДДВ при увоз на суровини или репроматеријали со побарувањата по основ на поврат на ДДВ.

Ќе следат и други групи на прашања од витално значење...

П.С. На сите граѓани од православна вероисповед им го честитам утрешниот голем празник Велигден, со желби да го прослават во мир во своите домови и во добро здравје. Честитка за утрешниот празник упатувам и до сите членови на органите и телата на Комората од православна вероисповед, како и до вработените во нашата Стручна служба – да празнуваме во мир и да се радуваме на празникот во добро здравје и заеднички да се справуваме со предизвиците кои не‘ очекуваат. Најавувам дека одма после празникот продолжуваме со сериозна аргументација околу нашите предлози за поддршка на извозот. Како и секогаш, тоа ќе го презентира мојата колешка д-р Татјана Штерјова.

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања