29 Јуни, 2024
0.0322

„Наивно добриот“ Јанакиески бара неконвенционален начин да излезе од притвор

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Иако опишан од својата сопруга како наивно добар, сепак вешто и мошне итро знае да се користи со сите неконвенционални средства по секоја цена за да излезе од истражниот затвор во Шутка, покажуваат досегашните искуства на Миле Јанакиески како притвореник и обвинет во повеќе случаи, но сепак и натаму се уште не осуден.

Во февруари беше нападнат од член на кумановската група осуден за нападот во „Диво насеље“ еден ден откако по втор пат беше притворен заедно со поранешниот министер за образование Спиро Ристовски за организација на настаните од 27. април. Јанакиески пријави контузии и беше префрлен во болницата „8-ми септември“. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 по жалба на неговата одбрана донесе одлука со која мерката притвор се преиначи во мерка куќен притвор, додека онаа на одбрана на Ристовски не беше прифатена.

Од минатата сабота започна штрајк со глад, за што е известен и Кривичниот суд во Скопје, а беше испратена и претставка до канцеларијата на Народниот правобранител. Иако веќе беше во домашен притвор, Јанакиески пред десетина дена беше приведен и се најде повторно во ќелија во Шуто Оризари како дел од групата уапсени за незаконски договори за продажба на 4 атрактивни државни парцели ја оштетиле државата на проектот Шпански скали и хотели на Кејот на Вардар.

Инаку сопругата Сања Јанакиески во саботата вечер се пбрати на социјалните мрежи со натпис во кој што и самата спомена дека е исполнет со патетика, но и дека „трите сина на поранешниот владин функционер го бараат и прашуваат за него каде е“. Претходно таа напиша уште едно слично писмо кога им порача на надлежните органи „Да го доведат поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, а не Миле Јанакиески да оди в притвор место него“.

Првото од трите притворања на Јанакиески беше минатата година, кога Специјалното јавно обвинителство одговори позитивно на барањата на Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, мерката да им се замени со куќен притвор како осомничени во предметот „Титаник“.



Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ