16 Декември, 2025
0.0682

НАЈАВЕН КАРАНТИН, ЛЕТУВАЊАТА ВО АЗИЈА И АФРИКА ЗАПОЧНАА: Занзибар и Малдивите се нудат како топ дестинации

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2021 07:36

Добивај вести на Viber

Владата воведе задолжителен карантин за граѓаните кои од Африка влегуваат во Македонија, а минатата недела беше обелоденето дека се хоспитализирани двајца сопружници од Битола коишто се вратиле од одмор во Занзибар. Тие не беа заразени со јужноафриканскиот сој, туку со британската мутација на вирусот. Сепак не се единствени кои одмарале на оваа привлечна дестинација. Домашните и регионалните туристички агенции нудат одмор во Занзибар, а сега има интерес и за летување на Малдивите. Фактор ви пренесува каков е интересот, дали се потребни тестови и каква е состојбата со коронавирусот во земјите кои сега се атрактивни за патување. Изборот дали ќе патувате секако е ваш.

Влатко Сулев од Националната асоцијација за дојдовен туризам советува граѓаните пред да изберат дестинација, да истражат каква е состојбата со коронавирусот во одредена земја.

„Во ова време на модерна технологија, секој може да одвои неколку часа и да провери дали во одредена земја има протоколи, дали се работи на тоа, колкав е бројот на заболени. На интернет има многу информации и може да се провери. Ако веќе некој ризикува, да провери колкав е тој ризик, затоа што штетата која може да се направи за семејството и општеството е огромна. Оној кој може да си дозволи да оди во Занзибар, сигурно може и да избере некоја побезбедна дестинација. Јас разбирам дека на граѓаните не им е лесно, но мора да бидат внимателни“, вели Сулев.

Тој објаснува дека и процесот на имунизација е многу важен за да една дестинација се смета за безбедна за патување. Ова важи и за нашата земја.

„Лани бевме изненадени, но сега не можеме да се вадиме на тоа дека сме изненадени. Дипломатијата ќе мора да си ја заврши домашната задача. За нас се важни странските туристи, но доколку и оваа година не дојде дијаспората, економијата ќе крахира“, додава Сулев.

Категоричен е дека  мора да се почитуваат сите протоколи пропишани од Светската здравствена организација, и за тоа соодветно да се информираат институциите, во спротивно и оваа година ќе имаме големи загуби во туризмот. Како пример ја наведува Хрватска, која лани и покрај пандемијата сепак успеа да извлече максимум од туризмот.. Во светот има и неколку островски земји каде досега нема починати од коронавирусот, а бројот на дијагностицирани ковид пациенти е сосема мал. Во Камбоџа, Доминика, Источен Тимор, Лаос, Самоа и други земји нема починати од коронавирусот.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“