Најавениот дожд ја отвори скопската обиколница
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2015
Скопјани денес безгрижно ќе може да сообраќаат по скопската обиколница која во текот на следните два месеци ќе биде затворена за сообраќај.
Поради најавениот дожд од Продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, соопштуваат дека обиколницата околу Скопје во текот на денешниот ден (25.09.2015 година) ќе биде отворена за сообраќај, а од утре повоторно ќе биде затворена во време од 05:00 до 18:00 часот за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.
ДРЖАВАТА ЌЕ ЛАПНЕ 280 ИЛЈАДИ ЕВРА: Филмот на обиколница почнува да се снима од понеделник!
Веста официјално е потврдена и државата ќе лапне од закупот на французите 280 илјади евра .
Имено, обиколницата ќе биде затворена за сообраќај по целата своја должина секој работен ден од 7 наутро до 7 навечер почнувајќи од понеделник, 7 септември, се до 28 септември.
Ќе се снима филмот „А Фонд“ на францускиот продуцент Шик Филмс.
После 28 септември, снимањето на филмот се сели на на автопатот Неготино-Велес каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.
Филмот што ќе се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници а негова премиера се очекува во јуни следната година.