23 Мај, 2024
0.0288

Најавениот прогресивен данок станува реалност-еве ги деталите

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Драган Тевдовски и официјално денеска ги соопшти новитетите кои Владата ги воведува во даночниот систем.

Зборувајќи за тоа дека главна цел на владата на РМ е еднаква шанса и можности за подобар живот за сите граѓани, и социјалната нееднаквост според која Македонија е на прво место во Европа, Тевдовски кажа дека се воведува фер даночен систем за социјална сигурност наместо социјална нееднаквост.

Тевдовски најави дека ќе се воведе прогресивен данок кој ќе се однесува за примања поголеми од 90 илјади денари а со него се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.

Според кажаното од првиот финансиер се воведува дополнителна стапка од 8 проценти за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. 

„Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население“-кажа Тевдовски.

Тој меѓудругото дополни дека ќе има зголемување и на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно, при што, како што посочи така би се намалила ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии а со таа реформа како што беше потенцирано, МФ очекува да се обезбедат 25 милиони евра  кои што ќе биле искористени за борба против сиромаштијата.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании