26 Ноември, 2024
0.0272

Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

ИГМ Трејд на челичниот магнат Илија Гечев во Кавадарци ќе пушти во употреба уште три фотоцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, со кои ќе го надмине нивото на моќност од 5 мегавати.

Ова го покажува измената на лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика која се врши по барање на ИГМ Трејд поради зголемување на капацитетите со кои се врши дејноста.

Извозникот на цевки ќе додаде уште три фотоцентрали под името „ИГМ 5 Нова 2“ на веќе постоечките кои ги пушти во употреба минатата година во Кавадарци. Секоја од трите нови фотоцентрали ќе има моќност од по околу 900 киловати.

„Испораката на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа од ФЕЦ “ИГМ Цинкара”, ФЕЦ “ИГМ 2 и ИГМ 3”, ФЕЦ “ИГМ НОВА”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 1”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 2” и ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 3” ќе се врши согласно дефинираните услови за приклучување во Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивната мрежа УП1-10-798 од 23 декември 2022 година издадено од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со одобрена моќност за производител од 5.364,44 kW“ пишува во одлуката на РКЕ донесена на 19 јуни.

ИГМ Трејд на крајот од минатата година во регистарот на Агенцијата за енергетика исто така пријавил шест фотоцентрали со капацитет на производство од околу 5 мегавати. Според регистарот на агенцијата, Гечев е еден од најголемите инвеститори во земјата кога станува збор за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Македонскиот стопанственик  е првиот македонски милијардер, според ранг листата на најбогати луѓе во регионот што ја објави српски „Недељник“ во новогодишниот двоброј. Гечев и неговата ИГМ „Трејд“ имаат проценето богатство од  1,054 милијарди евра. Ова е прв пат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од милијарда евра.

Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска, објасни тогаш бизнис неделникот.

Гечев е еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво