НАЈЧЕВСКА ЗА ПОРАКАТА НА ПРЕМИЕРОТ ДЕКА ВМРОВСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СЕ НЕВОСПИТАНИ - така е кога извршната власт ја предводат луѓе кои немаат појма што е поделба на власта
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 13:37
Професорката Мирјана Најчевска преку статус на фејсбук жестоко реагира на вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој упати порака до опозициските пратеници дека се невоспитани.
Таа ги повика и пратениците од владејачкото мнозинство да застанат зад своите опозициски колеги, бидејќи, како што пишува, на ваков начин се омаловажува цело Собрание.
„Проблемот е кога извршната власт ја предводат луѓе кои немаат појма што е тоа поделба на власта, каков е односот меѓу законодавната како највисока власт избрана од граѓаните и извршната кој е подредена и одговорна на првата.
Да има вистински пратеници од позицијата, би застанале во одбрана на своите колги од опозицијата, затоа што со ваков однос се омаловажува целото Собрание“, пишува Најчевска на фејсбук.
„Човек може да добие формално образование, но ако има празнини во домашно воспитување не може да му помогне никој. Ама најлошо е кога такви луѓе со празнини во домашно воспитување примаат плата да воспитуваат млади луѓе. Во однос на прашањето, РСМ со 69 гласа „за“ во Собранието изгласа отпочнување на преговори со ЕУ. Сите граѓани беа свесни на состанокот на првата меѓувладина конференција во Брисел дека сите лаги кои ги пласиравте пред тој ден и сите протести кои ги организиравте паднаа во вода. Прво РСМ одржа прва меѓувладина конференција, второ - македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренаа рака.
Трето, во однос на вашата политика која ја правевте тука со палење и ширење невистини, тоа не личи на демохристијанска партија и со какви зборови се обративте до претседател на Европската комисија. Тоа го има направено во Европа само еден политичар во северна соседна држава.
Вашето барање за референдум е исклучиво за ваша партиска употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните. Ве не знаете какво референдумско прашање сакате.
Треба да биде ‚дали сакате влез во ЕУ со чист македонски јазик'. Вие имате проблем со сите стратешки одлули и да го расчистите тоа идеолошки во партијата. Во ниту едно гласање немате учествувано, такво бегање невидено, подобро да гласавте против.
Собранието си донесе одлука државата да продолжи со евроинтеграциите, за тоа гласаа 68 пратеници кои ги застапуваат сите граѓани. Што и да правите нема да ја скршнете лево кон исток земјата“ рече Ковачевски.
Додека премиерот зборуваше на говорницата, опозициските пратеници му довикуваа „лажеш!,лажеш!“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, му одговори процедурално дека ако одлуките на СДСМ биле прогресивни немало да шетаат пратеници од нивните редови со вооружено обезбедување.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




