19 Декември, 2025
0.0483

НАЈГОЛЕМА Е-БИБЛИОТЕКА: Дури 225 бесплатни книги во „Македоника“!

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2014 14:15

Добивај вести на Viber

Проектот Книготека Македоника што го реализира Фондацијата за негување на македонското културно наследство Македоника (www.makedonika.mk) официјално постои од ноември 2013 година. За 200 дена Македоника успеа да објави 225 бесплатни книги за своите читатели. Сите книги се од македонски автори напишани во различни периоди од македонската литература; почнувајќи од преродбеници, преку повоени класици до наши современици. Во истиот период на сајтот на Македоника се регистрирани повеќе од 22.000 читатели кои секојдневно добиваат минимум по една бесплатна книга. Едноставноста и можноста омилениот наслов (или автор) да го ставите во Вашата лична библиотека ”Мои книги” ја прави оваа платформа посетувана од многу Македонци независно каде и да живеат во светот. Изминатите два месеци се рекордни по бројот на прочитани книги на Македоника. Дневниот ”тираж” се движи помеѓу 600 и 700 “примероци”. Со ова се помина границата од 85.000 книги за шест месеци со што Македонија ја доби најголемата е-библиотека во регионот. Концептот на бесплатност и достапност на овие дела и автори направи Македоника да прерасне и во најголема издавачка куќа во Македонија. Мотото ”Книга на ден” е надминато и предвидувањата се дека за првите 365 дена ќе бидат објавени повеќе од 500 наслови.

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година