Најголемиот Late Night Shopping досега – „Shop ‘n’ Shows” во Скопје Сити Мол
Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2014 14:01
„Она што можеме да го најавиме за сите граѓани кои ќе дојдат во Скопје Сити Мол и ќе бидат дел од „Shop ‘n’ Shows” шопинг искуството, е пред се работното време на продавниците, кое традиционално ќе биде продолжено до полноќ и големите попусти кои ги даваат брендовите во Скопје Сити Мол. Дополнително, со гордост ја најавуваме музичката програма која ќе одвива пред молот, а од неа дел ќе биде Биг Бендот на МРТ, Марга Сол, Бета Хаус, DJ Wish.Ko, Гоце Димовски, Lite Jazz – Марти Ивановски, Bossa Band, како и Bass & Glass кои ќе го промовираат својот нов албум. Она на што веруваме дека ќе биде одлично изненадување за посетителите, е отворањето на вратите во 17ч. со ритамот на кубанската музика изјавија од Скопје Сити Мол.
Она што треба дополнително да се спомене се вредните подароци кои Скопје Сити Мол ќе ги доделува на секој час, со регистрација на сметките од шопингот на инфо пултот. Најголемите сметки ќе добиваат подароци маички со автограм од Billy Idol, како и влезници за неговиот претстоен концерт во Скопје. Останатите активности се чуваат во тајност со цел да се изненадат посетителите, а како што најавуваат и претставниците на молот, има и многу други изненадувања планирани за „Shop ‘n’ Shows” – најголемиот Late Night Shopping кој ќе биде одржан во Скопје Сити Мол.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




