18 Декември, 2025
0.3142

„НАЈНЕСПОСОБНИТЕ НИ СЕ ПРАВАТ НАЈПАМЕТНИ“: Мециновиќ најави фокус на човекот ако победи во недела

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2025 13:23

Добивај вести на Viber

Сметам дека морам да искоментирам за некои работи кои се однесуваат за демократијата, уште од првичната забрана за рекламирање, па се понатаму. Ова не е борба за еден фронт, односно за нашиот град, туку борба за демократијата во Република Македонија, затоа што ние сме под еден авторитарен режим на ВМРО-ДПМНЕ, вели кандидатот за градоначалник на Левица, Амар Мециновиќ.

„Овие избори ќе останат запаметени во историјата, не само по убавото, по влегувањето во втор круг на кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку ќе се памти и како овие партии изреагираа на ова оспорување на статус кво-то. Единствената државна привилегија која ја добив е тоа што се наоѓам на гласачкото ливче и ништо повеќе, но тоа не нѐ спречи да дојдеме до овде, токму заради начинот на кој комуницираме и луѓето кои не поддржуваат, кои сакаат подобро“, рече Мециновиќ.

Смета дека 30 години, Скопје се води погрешно, ништо не е добро.

„Ова што се случува со ѓубрето е факт на животот дека доживеавме мафијашки сценарија во нашето општество. Ова што се случува со автобусите е социјално прашање и затоа почувствуваме обврска да се понуди нова можност, за се што треба една градска власт да го направи. На Македонија и е доста веќе од ароганција. На нас најнеспособните луѓе ни се прават најпаметни. Веќе никој не смее да биде најпаметен, никој не смее да биде Бог, ниту да добива мандат од Бог и неговиот претседател од партијата. Мандатот го даваат граѓаните и тие пробаа на секој начин да го уценат народот, да го условат давањето мандат. Ќе повикам, на втори ноември граѓаните да излезат и да ја изберат опцијата против режимот“, додаде кандидатот на Левица.

Тој посочи дека не се обесхрабруваат од било што, но смета дека се што се случува во кампањата, односно во вториот круг, ќе бидат искористени и правни механизми, зошто ја имало највалканата кампања која била видена во Македонија.

„Имаше многу кривични дела во самата кампања што е еден страшен удар врз демократскиот процес. Ситуацијата е многу сериозна, не е весела, не е за смеење, затоа што тоа што се случува денес со кампањата, може да се случи со сите неистомисленици на ВМРО-ДПМНЕ и на сите граѓани. За ВМРО-ДПМНЕ не постои граница, не постои табу. Сите можни механизми кои ги имаат на располагање ќе ги искористат за да останат на власт. Не го прават тоа за доброто на граѓаните, туку за да се исполнат желбите на малкумина, а токму тоа е нашиот поттик. Народот веќе не може да биде уценуван“, вели Мециновиќ.

Смета дека по првиот круг, градот е разбуден, а во недела тоа ќе кулминира, Обраќајќи се кон граѓаните, кандидатот на Левица вели дека се почнува од луѓето. Смета дека народот има добри народи и сака да ги види своите сограѓани како просперираат.

„Ако сега не ја преземеме одлуката, тогаш ќе имаме и последици. Но, ако еднаш, сето она што го чувствуваме овие 30 години го канализираме во конечна одлука која ќе не стави во позиција да сонуваме за подобар град, подобра одлука, тогаш мислам дека храбриот чекор можеме да го преземеме. Сакам да порачам дека ако победиме, нашиот фокус од првиот ден ќе биде на човекот. Ќе правиме се по желбите на граѓаните. Нема да има политичка, бизнис пресметка, ниедна калкулација и се она што сме виделе досега. Нашата градска власт по сите прашања пред се ќе се води на оние луѓе на кои се однесува. Сметам дека времето на одлука е дојдено. Имаме голема шанса и голема можност која е историска и доаѓа ретко. Во недела, Скопје ќе се соочи со систем. Сметам дека Скопје може да се соочи со системот и да ја донесе победата“, додаде Мециновиќ.

Вели дека досега во кампањата се базирале на проектите и пораките кон граѓаните, но вели дека во изминатите две недели, се соочил со антикампања од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери