10 Декември, 2024
0.0281

Најскапа вода за пиење во Кочани, најeвтина во Маврови Анови

Објавено во: Економија 16 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Жителите на Кочани плаќаат највисока тарифа за метар кубен вода за пиење и тоа 43,92 денари, а цената за водата минатата година се зголемила за 10,02 отсто во спореба со 2020 година. 

Оваа е највисоката тарифа што ја применуваат давателите на водна услуга снабдување со вода за пиење на подрачја со над 10 илјади жители. 

Во оваа категорија на водоснабдителни компании, меѓу повисоките цени за метар кубен вода плаќаат и жителите на Свети Николе, каде цената изнесува 38 денари за метар кубен и се зголемила за 8,5 проценти. 

Жителите на Велес се исто така меѓу оние кои издвојуваат повисока сума за водоснабдување и тоа 32,99 денари за метар кубен.

Од друга страна, меѓу најниските цени за вода за пиење плаќаат жителите на Желино, каде метар кубен вода чини 13,10 денари. 

Исто така меѓу жителите кои живеат во населено место со над 10 илјади жители, а плаќаат меѓу пониските цени се и жителите на Врапчиште каде водата чини 13,6 денари за метар кубен. Нешто повисока цена, но меѓу трите најевтини локации во земајва е и Дебар, каде цената на водата изнесува 15,03 денари за метар кубен.

Ова се податоци од извештајот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, каде се дадени цените за минатата и предминатата година и споредба каде колку се зголемиле или намалиле цените на водата за пиње.

„Регулираниот период за кој се утврдени тарифите за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување за давателите на водната услуга на подрачја со над 10.000 еквивалент жители е во времетраење од три години, во периодот од 2021 до 2023 година. Регулаторната комисија за енергетика го утврдува опсегот во кој можат да се движат тарифите за водната услуга, додека пак на предлог на давателите на водните услуги, крајните тарифи по категории на корисници ги одобрува Советот на општината на чие подрачје се дава водната услуга. Од податоците може да се заклучи дека кај 17 од 29 даватели на водната услуга, во 2021 година има зголемување на тарифата за домаќинствата во однос на 2020 година, кај три од нив има намалување, додека кај 9 нема промена“, се наведува во извештајот на РКЕ.

Намалување на тарифата за водоснабдување за домаќинствата има кај ЈКП Комуналец Гостивар и тоа за - 8,33 проценти. Најголемо зголемување од 21,5 проценти на тарифата за водоснабдување за домаќинствата се бележи кај ЈКП Комуналец Кичево.

Од податоците кои ги објавува РКЕ се забележува дека има поделба меѓу водоснабдителните компании според бројот на жители за кои обезбедуваат вода за пиење. Согласно оваа поделба се забележуваат разлики во цените за вода за пиење меѓу компаниите кои обезбедуваат вода за помалите населени места во земјава односно за подрачја со помалку од 10 илјади жители.  

Во оваа категорија највисоки цени за вода за пиење плаќаат жителите на Старо Нагоричане, каде за метар кубен вода се плаќа 32,43 денари. Веднаш по нив се жителите на Зелениково каде за вода се одвојуваат 31,06 денари за метар кубен, и потоа се жителите на Василево кои плаќаат 31.01 денар за метар кубен.

Убедливо најниска цена за вода за пиење во целата држава имаат жителите на Маврови Анови каде за метар кубен се плаќаат само 2,48 денари. Веднаш зад нив се жителите на Боговиње кои пак за истата количина плаќаат само 7,5 денари. Меѓу најниските цени за вода за пиење за своите корисници имаат и „ЈКП Гази БАБА-2007“, кои цената ја дефинирале на 11 денари за метар кубен.

„Од податоците може да се заклучи дека кај 24 од 38 даватели на водната услуга, во 2021 година има зголемување на тарифата за домаќинствата во однос на 2020 година, кај четири од нив има намалување, додека кај 10 нема промена. Најголемо намалување на тарифата за водоснабдување за домаќинствата се бележи кај ЈПКД Маврово Маврови Анови од -7,5 проценти. Најголемо зголемување на тарифата за водоснабдување се бележи кај ЈПКД Комунална Хигиена Новаци каде што тарифата за домаќинствата се зголемува за 11,6 проценти, се наведува во извештајот на РКЕ.

Обезбедувањето водните услуги во Македонија минатата година го спроведувале 77 даватели при што дел од претпријатијата дават повеќе водни услуги, односно, осум вршат снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението, 67 вршат водоснабдување, односно снабдување со вода за пиење, 57 вршат собирање и одведување на урбани отпадни води и 19 вршат прочистување на отпадни води. Покрај водните услуги, дел од јавните комунални претпријатија нудат и услуги за собирање и одведување отпад, услуги за зелени пазари, услуги за паркови и зеленило, одржување на гробишта и други јавни услуги.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања