Наќе Чулев ќе биде министер за внатрешни работи уште најмногу една недела
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2020 12:15
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ќе биде на министерската позиција уште најмногу една недела.
Овој заклучок може да се изведе од законските прописи што важат во земјава за техничкта влада.
Според член 44 од Законот за измени и дополнувања на Законот за Влада, мандатите на техничкиот министер за внатрешни работи и на оној за труд и социјална политика, траат се до објавувањето на конечните резултати од страна а ДИК.
А според законски определените рокови, за да бидат објавени конечните резултати од страна на ДИК, треба да се почека уште најмногу една недела.
Што стои во законот за техничка Влада.
„Заради организирање на избори за пратеници во Собранието, на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието, избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата, со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието, по што мандатот им престанува по сила на закон“, се вели во членот 44 од овие законски измени.
А како што е познато, ДИК вчера во 20 часот ги објави неофицијалните конечни резултати. За тие да станат конечни, треба да помнат процедурите со приговорите, како и одлуката на Управниот суд доколку и до него има жалби, по што врз основа на овој суд ДИК ќе мора да ги прогласи резултатите законечни.
Рокот за поднесување приговори изнесува 48 часа, а потоа откако ќе биде затворен, ДИК во следните 72 часа ќе мора да донесе одлука за жалбите и поплаките.
Денеска до 21 часотќе заврши рокот за поднесување на приговорите за постапката за гласање, а до утре вечер се приговорите за резултатите. Потоа ДИК има 72 часа да одлучи. По оваа одлука на ДИК, партиите имаат право на тужби до Управниот суд. А во Управниот суд веќе ги формираше советите за тужбите од партиите за изборите.
Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.
Ако врз основа на одлуките на Управниот суд треба да се направат некои корекции, тогаш нив ДИК ги прифаќа, по што мора да ги објави конечните резултати.
Или, се на се, како што објаснуваат познавачите, сите овие процедури ќе завршат најдоцна за 7 до 8 дена, и ДИК ги објавува конечните резултати.
Тоа значи дека тогаш, по сила на закон, ќе му престане мандатот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




