Наќе Чулев отпуштен од работа: По повеќе од 25 години повеќе не сум дел од безбедносниот систем
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2022 11:13
Поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев објави дека е отпуштен од своето работно место како разузнавач и дека повеќе не е дел од безбедносниот систем на државата. На Фејсбук напиша дека добил отказ поради „екстремизам и радикализам“.
„Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам.
Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем.
Криминалниот режим кој ја предводи власта и за жал ја води државата со сета сила удри и по мене и по мојот професионален интегритет.
Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери.
Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба“, напиша разузнавачот.
Тој додава дека неговиот интегриртет не дозволил да биде уценуван и дека ќе делува понатаму заедно со опозицијата.
„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции.
Јас и понатаму ќе бидат истиот Наќе Чулев – човекот кој неизмерно ја сака својата држава и професионално ќе придонесува за нејзиниот напредок и развој.
Нека ни е вечна Македонија“, напиша Чулев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




