14 Мај, 2024
0.0256

„Нам никој не ни кажал дека проблемот е решен, блокадите на Блаце остануваат“!

Објавено во: Економија 13 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Блокадите од траспортерите на Макам- транс на граничниот премин Блаце продолжуваат, деветти ден по ред. Сообраќајот е во прекин, шлеперите остануваат на самиот влез на преминот, а граѓаните и понатаму пеш ја минуваат границата. Од  Макам-транс за Фактор велат дека поради тоа што досега не добиле официјална потврда дека спорот е решен, тие нема да ги тргнат камионите. -Нас досега никој не ни кажал дека е постигнат договор меѓу Македонија и Косово, освен што слушаме по медиумите различни информации. Ние ќе продолжиме со блокадите како што најавивме, се до решавање на спорот. Поради тоа во текот на денешниот ден, воопшто нема да пуштаме поминувања со автомобили или автобуси, ниту на половика час како вчера, вели Билјана Муратовкса претседател на здружението на превозници Макам-транс. И покрај најавите и на Македонија и на Косово дека е на повидокот решение на трговскиот спор, сепак ниту една од државите не излезе со официјално соопштение дека проблемот е решен. Доцна синоќа дел од косовските медиуми излегоа со информации дека Скопје и Приштина постигнале договор. За косовскиот весник “Експрес”,  советникот на косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи, Дритан Лајчи, изјави дека  класичен договор засега нема, но има согласност дека ќе се врати состојбата каква што беше пред донесувањето на одлуките за ембарго од косовска и за влезна такса од македонска страна. Во дел од косовските медиуми имаше дури и информација дека од утре изутрина Косово ја крева рампата за увоз на македонски производи и дек се очекува Македонија да ги укине патните такси за косовските државјани. Информациите за договор не се потврдени во Македонија Но, информациите дека има договор  не беа потврдени од македонската Влада. Од таму информираа дека договор сеуште нема, појаснувајќи дека суштина таков договор и не е потребен затоа што со самото укинување на забраните од косовска страна ќе престане да важи и македонската мерка за наплата на надоместот бидејќи таа наша мерка е и така формулирана во самата одлука – да престане да важи кога ќе се тргне косовската забрана. Вчера во Скопје не пристигна ниту албанскиот вицепремиер Хајредин Кучи, чие доаѓање беше најавено уште претходниот ден и од косовкса и од македонска страна. Кучи за косовските медиуми изјави дека е во постојан телефонски контакт со македонските власти во обиде да се најде решение за укинување на ембаргото од косовкс астрана и патните такси од македонска страна. Смирувачки и оптимистички тонови постојано стигнваат од властите и на двете земји, но ниту една досега не излезе со конечен став- дека спорот е решен. - Изнаоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за отпочнување на процес кој треба да придонесе до заемно прифатливо решение за двете страни, изјави минисетрот за економија Ваљон Сарачини Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, побара почитување на ЦЕФТА договорот и се надева дека косовската држава ќе најде институционално решение за проблемот. -Лично бев изненаден од тоа што го презема  косовската страна затоа што постои договор за ЦЕФТА и тој договор треба и Косово да го почитува. Меѓутоа се надевам дека институциите во  Косово ќе најдат институционално решение за ова прашање. Не доликува ова да се случува кога имаме во подем многу состојби меѓу  нашите две држави и кога очекуваме подобрување на многу работи. Се надеваме дека после рокот поставен од нас, по завршување на мерката преземена од Владата  ќе има нормализирање,  изјави вчера Иванов. Тврдиот орев Мимоза Кусари И косовскиот премиер Хашим Тачи завчера побара проблемот да биде решен најдоцна до вчера и за тоа  ја задолжи министерката за трговија и индустрија  Мимоза Кусари. Тој  за косовската радиотелевизија изјави  дека разговарал со македонскиот премиер и дека  очекува состојбата да се врати во нормала како што беше пред воведувањето на косовското ембарго и македонските влезни такси. Единствен тврд орев во целава ситуација е косовската министерка Кусари. Иако  вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ја повика Кусари на ТВ дуел за да ги  соочат аргументите за побрзо да се надмине проблемот, таа вчера возврати негативно-не го прифати предлогот. - Во својот одговор Кусари повикува на директен дијалог, нешто на што во меѓусебната комуникација јас инсистирав уште минатата недела, пред да ги воведеме ние нашите мерки, но таа иницијатива од моја страна тогаш остана без одговор. Точно е дека решението е можно да биде најдено само во директни разговори, нешто што повторно го нагласив во меѓусебната размена на пораки со вицепремиерката Кусари уште минатата недела, но исто сметам дека граѓаните на двете држави треба да знаат дека во ниту еден момент Република Македонија не посакуваше ваков развој на настаните, вели Пешевски во писмената  изјава. Во меѓувреме граничниот премин Блаце останува под блокада. Од Стопанската комора на Северозападна Македонија побараа од превозниците итно да ги отстранат камионите од граничниот премин Блаце, бидејќи според нив, со блокадата само се создава дополнителен гнев и нервоза кај граѓаните. И додека Македонија и Косово изнаоѓаат соодветен модул за решавање а трговскиот спор, бизнисот бори загуби. Трпат превозниците, извозниците, обичнио народ, штети допрва  ќе се сумираат. Косово воведе забрана за увоз на македонски производи, минатиот викенд, а како образложение ја наведе македонската мерка за условен увоз на брашно, која неколку дена завршува. На косовското ембарго, македонските власти одговорија со наплаќање такси за влез на косовските граѓани и возила во земјава. Во потегот на Косово експертската јавност препозна различни мотиви, но не и економска логика. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила