Намалени несреќите во Рудникот Злетово во последните седум години!
Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2015 12:30
Рудникот Злетово, на Индо Минерали и Метали ДООЕЛ, кој работи со рудни метали и мануелни операции, ја бележи најниската стапка на несреќи во изминатите 7 години.
Според извештајот на компанијата, во 2014 се случиле вкупно 21 несреќа (16 полесни, 5 посериозни и 0 фатални), во споредба со 60 несреќи од 2013. Големи се напорите за подобрување на безбедноста.
Индо Минерали и Метали ДООЕЛ во моментов вработуваат над 1000 работници.
Намалувањето на несреќите е споредбено со првите години, кога во 2007 и 2008 стапката на несреќи беше 95, односно 145 несреќи. Намалувањето е поради обуката за подобрување на вештините која ја поминуваат вработените во Злетово, како и часовите на кои се учат мерки за претпазливост. Понатаму, рударите ги пренесуваат регуларните инструкции на групата на работници на почеток на смената и обезбедуваат мерки на претпазливост кои треба да се имаат во предвид на работното место.
Менаџментот продолжува да се стреми кон понатамошно подобрување на безбедносните стандарди.
“Зголемувањето на безбедносните мерки, како дел од целосната инвестиција во рудниците, беше еден од нашите приоритети.
Сите овие години систематски работевме на различни сегменти кон зголемување на безбедносните мерки”, изјави Господин К.Л. Моза, Генерален менаџер на Индо Минерали и Метали.
Во согласност со Законот за безбедност и заштита при работи, како и според работните практики и етика на компанијата, Индо Минерали и Метали исто така спроведуваат регуларни медицински прегледи на здравјето на вработените.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




