Добивај вести на Viber
Неправилности во постапките за јавни набавки, отсуство на пресметка за вредноста и роковите за реконструкција на фасадите и изградба на објектите во централното градско подрачје, незаконска исплата на надоместоци на советници- ова се дел од неправилностите што ги констатирал Државниот завод за ревизија на Град Скопје за периодот во 2014 година.
Во Конечниот извештај овластениот ревизор нотирал дека за подмирување на трошоците за тековно и инвестиционо одржување на просторот Кино Милениум, Град Скопје на АД Градски трговски центар-Скопје му исплатил сума во износ од скоро 61 илјади евра. При тоа се наведува дека со Заклучок на Влада во 2009 година и Одлука на Управниот одбор на ГТЦ за отстапување на деловниот простор Кино Милениум на Град Скопје, склучен е договор меѓу Градот и ГТЦ со кој е регулирао правото на користење на Кино Милениум , Градот да го врши преку Младинскиот културен центар (МКЦ). Истата 2009 година е склучен договор меѓу Градот и МКЦ и според тој договор трошоците за тековно инвестиционо одржувње на просторот и трошоците за употреба на деловниот простор да ги плаќа МКЦ, а не Градот Скопје.
„Ваквиот начин на постапување придонесува за исплати кои не се во согласност со одредбите од склучениот договор. Градоначалникот да обезбеди почитување на одредбите од склучениот договор“, препорчува ревизорот.
Овластениот држвен ревизор во Конечниот извештај наведува дека освен во делот за исплатата на надоместоци на советници членови на комисии и постапките за јавни набавки, финансиските трансакции и информации изнесени во финансиските извештаи на сметката на основниот Буџет на Град Скопје за 2014 година се во согласност со законските прописи.
Т.С