Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 14:21
Сулејман Љамалари - Командант Барути кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.
Ова доаѓа откако обвинителството поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, па затоа донесе решение дека жалбата е основана и мерката куќен притвор му ја замени со мерка притвор.
„Имено, С.Љ.
осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а
поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на
12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена
мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од
чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои
оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи
мерка притвор во скратена постапка“, стои во одлуката на кривичниот суд.
По доставеното решение, од надлежната Полициска станица, судот добил известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




