Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка
Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2020 15:17
Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.
„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај“, соопшти НБМ.
Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложила и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.
„Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации“, велат од НБМ.
Како што е познато, мнозински сопственик на Еуростандард банка е компанијата Гофи, на бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста Костовски, а директори на банката, идносно претседатели на Управен одбор беа Николче Петковски, и во последната година Горан Трајковски.Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




