24 Јуни, 2025
0.0304

Наскоро РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ -Најголемите компании ги отварат своите врати!

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2024 10:03

Добивај вести на Viber

Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, KFC Македонија, Fashion Group, Костал, Магна, Лидл, Нептун, Вабтек, Wolt, се само дел од најголемите македонски и странски компании работодавачи кои годинава ќе ги отворат своите врати и ќе се претстават со свој виртуелен штанд на најголемиот Регионален саем за вработување кој ќе се случува од 15 до 22 Октомври 2024. 

Оваа онлајн платформа единствена од ваков вид со регионално покривање, во истовреме нуди можност за 24 часовна посета и преглед на слободните работни позиции во 5 земји: Македонија, Хрватска, Босна, Словенија и Србија. И овој пат здружените сили на најголемите портали за вработување на Балканот ќе понудат одлична можност за промоција на компаниите, нивно регионално претставување и најважното - пронаоѓање на кандидати за отворените работни позиции. 

- Ова е идеална шанса за компаниите во реално време да поразговараат со кандидатите, да заштедат време или, подобро речено, да не губат време на долги и разни потраги по идеалниот кандидат. Саемот им нуди можност осум дена да прават директни интервјуа, да прават брза селекција, регрутниот процес да го извршат побрзо. Можат да разговараат со било кого на земјинава топка, иселеници подготвени да се вратат во матичната земја, странци подготвени да мигрираат за работа, менаџери подготвени за трансфер, работници спремни за работа во друга земја и слично - велат организаторите Vrabotuvanje.com 

Иако виртуелни, штандовите изгледаат навистина реално - со присутни луѓе, опремени со елементи и промотивни материјали, сè со цел саемот да биде едно пријатно виртуелно и колку што е можно по хумано искуство за посетителот, а истовремено и да им заштеди на материјали, време, подготовка и патување на компаниите.

Минатогодишниот саем привлече над 690.900 посети и повеќе од 51.700 апликации. Оваа година очекуваме уште поголеми цифри и и задоволни и работобаратели и работодавачи - потврдуваат од Vrabotuvanje.com 

Подетални информации за учество на онлајн Регионалниот саем за вработување можете да најдете на веб - страницата на саемот https://regionalnisajamposlova.com/MK/ 

Саемот како и секој година го организира водечкиот македонски портал за вработување во Македонија, Vrabotuvanje.com, во соработка со партнеритe од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија сите дел од Alma Career групацијата од Финска. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

Добиј 10% cashback на сите твои летни трансакции со бесплатната ProYOUng дебитна картичка за млади

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

A1 Македонија ги отвора вратите за идната генерација на млади професионалци преку практикантската програмата A1 WayUp

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот