25 Декември, 2024
0.1609

„НАСТЕЛ“ ЗАБЕЛЕЖЛИВО ГО НАМАЛУВА АКЦИОНЕРСКИОТ ПАКЕТ ВО „РЕПЛЕК“ - се сведе на под 7 проценти

Објавено во: Економија 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Компанијата Настел на бизнисменот Зоран Азманов веќе сериозно го намалува својот акционерски процент во фармацевтската компанија „Реплек“. Со последната продажба на дури 3.357 акции од таа компанија, Настел се сведе на 6,89 отсто од акционерскиот капитал. 

А до пред извесен период, преку својата компанија, но и преку контролирани друштва, поседуваше близу 12 отсто од капиталот на таа компанија. 
Но, од пред неколку месеци бизнисменот почна да ги продава своите акции, бидејќи, како што рече, сака да ги насочи како инвестиции во градежниот бизнис. 

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува дека акционерот со над 5 отсто Душан Пецовски, воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 31.620 или 12,20 отсто од вкупниот број на акции.

Акционерот, пак, со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 3.357 акции, со што поседува вкупно 17.866 или 6,89 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН - ЌЕ СЛЕДАТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: министерот Дурмиши со предупредување до трговците

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН - ЌЕ СЛЕДАТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: министерот Дурмиши со предупредување до трговците

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ОТИДОА ВО НЕБО - несогласувањата меѓу САД и Кина го поскапеа „црното злато“

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ОТИДОА ВО НЕБО - несогласувањата меѓу САД и Кина го поскапеа „црното злато“

Испреплетени интереси во случајот на „Телеком?“

Испреплетени интереси во случајот на „Телеком?“

Септември, октомври и пролетните месеци и донесоа на Грција рекордни годишни приходи од туризам

Септември, октомври и пролетните месеци и донесоа на Грција рекордни годишни приходи од туризам

Стопирана изградбата на кинеска фабрика во Бразил - властите ги споредија условите за живот на работниците со ропство

Стопирана изградбата на кинеска фабрика во Бразил - властите ги споредија условите за живот на работниците со ропство