Натусана Македонија започнува кампања наменета за Дневен центар за деца со аутизам
Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2014 13:01
Натусана за опремување на дневниот центар ќе издвои свои средства а исто така ќе се издвојува и процент од продажбата на брендовите, Мултивитамол витамините и Лакалут детската линија за орална хигиена. Производите од чија продажба се издвојуваат средства за донирање во Центарот се достапни во сите аптеки.
„Иницијативата за подигнување на свеста за потребите на нашиот центар е добредојдена во секој можен аспект. Секој нов ден во дневниот центар е нов предизвик затоа што децата со нарушен аутистичен спектар имаат посебна дарба да го доживеат светот, тоа ги прави толку нежни а од друга страна и посебни. Подеднакво желни за комуникација бараат поинакво внимание и пристап. Затоа толку ни е неопходна специјална опрема и реквизити како би можеле на овие деца да им обезбедиме што понормално живеење“, додаде Елена Степаноска, координатор во Дневниот центар за аутизам во Скопје.
Хуманитарната акција ќе се финализира на 20 ноември по повод Интернационалниот ден на детето што е симболично поврзано и со производите од чија продажба ќе се издвојуваат средства и со корисникот на донацијата.
Во Дневниот центар за аутизам престојуваат 10 деца во текот на целиот ден, 5 деца се под опсервација, а за нив се грижат логопед, психолог, дефектолог и негувател.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




