15 Јануари, 2025
0.0462

Наумоф и Павловски нови членови во Бордот на Македонија 2025

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Џери Наумоф и Крис Павловски се новите членови на Одборот на директори на Македонија 2025, кои се избрани на редовната седница на одборот одржана на 31 јануари 2013. Џери Наумоф со потекло од Ѓавато, Македонија е роден во Колумбус, Охајо (САД) каде неговото семејство отвори и повеќе од 30 години успешно води семеен ресторан. Добивајќи стипендија од Ball State University, Наумоф дипломирал маркетинг и бизнис администрација. Има повеќе од 30- годишно искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик. По искуствата во неколку големи осигурителни компании и водечки консултантски куќи во Чикаго, во 1993 година ја основа „Наумоф Груп доо“, консултантска компанија за менаџирање ризик. Живее во Чикаго со својата сопруга, со која имаат шест деца, а двајца од нивните синови работат и студираат во Македонија. Наумоф има голема желба за успех и придонес во работата и мисијата на Македонија 2025. „Почестен сум од можноста да бидам дел од оваа група на исклучителни личности. Се надевам дека со својата страст кон Македонија и посветеноста на промовирање на македонскиот идентитет и одличните инвестициски можности ќе бидат мојот придонес кон мисијата на организацијата“, рече Наумоф при неговиот избор во одборот на Македонија 2025. Крис Павловски е млад претприемач од Канада со повеќе од 10 години искуство во маркетинг и онлајн рекламирање. Има богато корпоративно портфолио, работеќи за Мајкрософт, Ворнер Брос, Универзал, Парамаунт, Виргин Мобајл.Тој е еден од основачите на Jokeroo и главен извршен директор на ЈМГ, канадска компанија основана во 2009 за онлајн дистрибуција на забавни и лајфстајл содржини. Истовремено тој е и маркетинг директор на Next Giant Leap, компанија за вселенски истражувања која се натпреварува за наградата Гоогле Лунар Џ. Во Македонија со својот партнер Рајан Милнс ја има основано софтверската компанија Космик Девелопмент и по две години во неа веќе работат над 50 млади луѓе. Павловски бил номиниран од Ернст & Young за Млад претприемач на годината во 2010. Со својата сопруга живее и работи во Торонто, Канада. „Довербата која Македонија 2025 ми ја укажа со ова унапредување на мојата вклученост во организацијата, за мене претставува чест, а истовремено и одговорност и инспирација за постигнување поголеми и поконкретни резултати во работењето“, истакна Павловски за неговата промоција во одборот на директори на Македонија 2025. Претседателот на организацијата, Maјк Зафировски, при промоцијата на Крис Павловски во член на одборот на директори рече дека Крис е инспиративен, харизматичен и непосреден млад човек за кого не постои невозможна мисија. Тој веќе подолго време дава ислучителна поддршка на Македонија 2025 преку својата компанија во Скопје. Неговите претприемачки, визионерски и лидерски квалитети ќе бидат богат ресурс за сите влучени во нашата професионална мрежа.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања