НАВАЛИЦА ЗА ПОЛСКО ДРЖАВЈАНСТВО: Доминираат луѓе од Украина, но ги има и од други земји
Објавено во: Свет 01 Септември, 2025 17:44
Рекорден број од 16.342 странци лани добиле полско државјанство, односно 37 отсто повеќе отколку во претходната година. Најголемата група нови државјани доаѓа од Украина, но тие сочинуваат нешто повеќе од половина од вкупниот број.
Бројот на странци кои добиле полско државјанство во 2024 речиси се четирикратно зголемил во споредба со 2012 година. Минатата година Полска забележа најголем пораст на бројот на странски државјани во последната деценија, поради рекордно ниво на миграција.
Повеќе од половина од тие што добиле полско државјанство се Украинци. Следат Белоруси, Руси, Виетнамци, Боливијци, Ерменци и Турци. Се зголемува и бројот на Израелци кои аплицираат за полско државјанство. Бројот на Израелци кои аплицирале на основа на потекло за државјанство се зголемил од околу 2.500 во 2021 година на повеќе од 9.000 во 2024 година.
Потребни се документи што ја потврдуваат полската припадност на предокот, како извод од матична книга на родени или венчани. Исто така, мора да се докаже дека предокот не го изгубил полското државјанство во текот на животот, на пример, поради добивање странско државјанство или служење во туѓа армија.
Лица кои сакаат да стекнат полско државјанство без да имаат полско потекло, можат тоа да го сторат на два начина. Првиот начин бара да покажат стабилен приход, сопственост на имот и познавање на полскиот јазик, како и минимум период на живеење во Полска. Обично тој период е три години, но може да биде пократок за брачни другари на полски државјани. Претседателот Карол Навроцки предложи зголемување на овој период на 10 години, како дел од неговата платформа за построги миграциски реформи.
foto Wikipedia'Kapitel
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




