04 Мај, 2024
0.0281

НЕ Е НИ ГРЕВ НИ СРАМ ДА СЕ ПОБАРА ПОМОШ - депресијата како една од најопасните табу болести на денешницата

Објавено во: Македонија 04 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Имал само 30 години. Никој не сака да каже зошто одлучил да посегне по својот млад живот, скокајќи од зградата во која живеел, од 12 кат.

Од Полицијата велат дека не можат, а и не сакаат да соопштуваат детали. Објаснуваат дека настанот е пријавен, и тие постапиле соодветно, а понатаму одговорите ќе треба да ги даде обдукцијата. Од друга страна, како што нагласуваат, со новинарските еснафи е договорено да не се изнесуваат детали околу самоубиствата, и тие да не бидат предмет на новинарски стории во трката по гледаност или читаност.

Сепак, во јавноста се зборува дека младиот човек посегнал по својот живот поради депресија, иако ова засега е само во зоната на шпекулациите. 

Можеби не сме свесни за неа и не умееме да ја препознаеме, но таа може да биде многу опасна.

Немојте да ја игнорирате депресијата, и не само неа, туку и воопшто, душевната болка, советуваат стручњаците. Има луѓе кои знаат и можат да ви помогнат, треба само да се обратите кај нив. Не е грев да се отиде на психолог или на психијатар, напротив, тоа покажува дека личноста е зрела и знае да го контролира својот внатрешен живот.

Фактор на оваа тема разговараше со доцент доктор Мирјана Јовановска-Стојановска, професор на МИТ Универзитетот. Таа објаснува дека проблемот со самоубиствата што се случуваат, не е само психолошки, туку и социјален.

„Она што се случува во психата на луѓето, во голема мерка е предизвикано и од влијанието на околината.  Во таа интеракција на човекот со околината, врз него остануваат последици. Ако средината е поддржувачка, таа е позитивна, и личноста во неа може оптимално да функционира. Но ако во средината се случува нешто што личноста го гледа и го опсервира како неповолно за себе, за својот раст и развој, ако личноста нема поддршка, прифаќање, разбирање и љубов, ако можеби трпи критики, или кај младите луѓе доколку ги отфрли друштвото, ако се изложени на булинг, ако младата личност не гледа каде би можела да се обрати, дека некој би ја разбрал, дека некој би бил емпатичен кон неа, дека некому може да му се довери за она што и се случува во животот и дека некому може да верува, тогаш се зголемува чувството на осаменост и можат да се појават депресивни симптоми, кои се опасни ако траат“, вели Јовановска.

Таа упатува порака дека на самоубиството можеби се гледа како на трајно решение на привремен проблем, но треба да се знае дека нема проблем од кој нема излез, туку станува збор само за моментална состојба.

„И кога таа личност ќе почувствува внатре во себе некое душевно патење, дека е несреќна, кога ќе помисли дека е сама на светот и дека секој нов ден нема смисла, треба да знае дека постојат луѓе, психолози и психотерапевти, кои се специјално тренирани да и помогнат да излезе од таа состојба. Тие ќе и помогнат да сфати дека тоа што го чувствува е моментална состојба, а не е нешто што трае цел живот, и дека тој проблем има решение“, објаснува професоркта.

Како да забележиме дека некој од нашите домашни или блиски се наоѓа во таква депресивна состојба?

Симптомите што можеме да ги видиме се повлекување, затворање во себе, некомуницирање, проблеми со спиење, проблеми со исхраната... 

„Тие не секогаш мора да завршат фатално, но ние како членови на семејството мора да ги земеме како сериозен показател дека на тие луѓе, без разлика дали се млади или постари, навистина им треба помош. Нашата презафатеност во борбата со овој транзициски свет не може да ни биде оправдување да не им посветиме внимание на луѓето кои ни се важни во животот. Ние треба помалку да ги критикуваме, а повеќе да ги разбереме, и ако видиме дека некоја состојба кај нив трае, да побараме стручна помош. Дури и таа состојба да трае три-четири недели, треба да се побара помош, тие да отидат и да поразговараат со некого. Еве обичен пример – ако не боли заб, ние таа болка можеме да ја издржиме максимум два дена, но ако не боли душата – колку тогаш можеме да издржиме“, прашува Јовановска.

Нема потреба да се живее во болка и страв, постојат луѓе кои можат да помогнат, советува професорката.

„Да се побара помош не е слабост, напротив, тоа значи дека личноста е зрела и може да си го контролира својот внатрешен живот“, вели Јовановска.

Фактор го праша Министерството за внатрешни работи, колку самоубства имало минатата година, и дали нивната бројка е зголемена или намалена во однос на претходните години, но оттаму, до подготовката на овој текст, не успеаја да ги обезбедат потребните статистички податоци. Штом МВР ни ги достави бројките, нашата редакција ќе ги објави. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра