26 Јуни, 2024
0.0303

НЕ НАЈДОА ЛЕБ, ГО ДИГНАА БРАШНОТО - празни рафтови во маркетите, Македонецот не сака да биде гладен (ФОТО ФАКТОР)

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Рафтовите со леб во скопските маркети се празни. Нема не само бел, туку не постои речиси и никаков леб. 

Ова се случува во поекономичните и поевтини скопски синџири на маркети, каде што граѓаните утрово ги „издигале“ буквално сите залихи на леб, а нови воопшто не ни стигнале. 

Фото: Фактор

Додека, пак, некои од поелитните маркети продаваат леб, со тоа што цените се меѓу 50 и 55 денари.

Овој леб кој се продава во тие маркети по цени од над 50 денари, не е бел или полувбел, туку има пченкарни лебови, лебови со хељда, со семиња и слично. 

А, како е познато, Владата ја замрзна цената на белиот и на полубелиот леб, со грамажа од 450 грама, и тој не смее да се продава поскапо од 33 денари. Додека, пак, ако грамажата е помала, и цената треба да се прилагоди на неговата тежина. 

Она што е интересно, е дека во маркетите се продале не само сиоте залихи на леб, туку веќе не може да се купи ни брашно.

Фото: Фактор

Во најголем дел од маркетите зјаат празни рафтовите со брашно.

Ова следува откако голем број граѓани од земјава, веднаш после најавите на пекарите дека ќе престанат да месат леб, најавија дека тие ќе си месат сами дома, по што веројатно поитале да набават брашно и ги „стопиле“ залихите од овој производ во продавниците.

Вчера пазарни инспектори ги контролираа пекларниците.

Директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски рече дека владината одлука мора да се почиотува, како и дека граѓаните да бидат спокојни, бидејќи недостиг од леб нема да има.

На фејсбук се појави фотографија која говори дека во некои пекарници, веројатно во Чаир или во Сарај или на друга локација каде што живее албанско население, бел леб се продава и по 25 денари, и тоа е објавено на албански јазик. 

Неофицијални информации говорат дека во општина Чаир без проблем може да се најде леб.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала