СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРНА: Никој што нема да ја почитува владната одлука нема да биде поштеден, а граѓаните да не се грижат - лебот ќе им биде достапен
Објавено во: Македонија 02 Март, 2023 06:53
Доцна синоќа се огласи директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Тој упати смирувачки тонови до граѓаните, нагласувајќи дека не треба да се грижат и дека лебот чија цена Владата ја замрзна, ќе им биде достапен.
Тој вели дека инспектоите се на терен и секој што не ја почитува одлуката, ќе биде санкциониран.
Вчера 189 инспектори излего на терен.
Ова следува по владината одлука да ја замрзне цената на белиот леб на 33 денари, по што пекарите од вчера ј реализираа својата закана и престанаа да месат леб и да ги снабдуваат маркетите во земјава.
„Недозволиво е основен производ да не им биде достапен на граѓаните! Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен.
И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност!
Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“, напиша на својот фејсбук профил Трајковски.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




