НЕ ОЧЕКУВА ЛИ НОВО НЕВРЕМЕ? Метеорологот Славчо Поповски со детали
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2022
Вечерва можно е да имаме нестабилно време проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информира метеорологот Славчо Поповски, локално, особено во источните и југоисточните предели, процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Услови за нестабилност и можност за појава на локално невреме ќе има и во скопската котлина.
Во следните денови, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени.