НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ БЕЗ ЧАДОР: Kакво време се очекува неделава?
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Локално се очекува да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар.
Максималните дневни температури ќе достигнат 19 степени во Скопје, во Маврово 13, во Охрид 17, во Битола 18, во Кавадарци 22, во Крива Паланка 19, во Берово 18, во Дојран 24 степени.
Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локални. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток.
Утре дневните температури ќе се движат од 15 до 25 степени, во среда од 20 до 26, а во четврток од 17 до 23 степени.
Прогнозата за в петок е сончево со мала облачност и дневни температури од 16 до 21 степен.