НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ НА 15 ЈУЛИ - партиите се доближиле, ќе гласаме во среда
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020 13:32
Вонредни парламентарни избори на 15 јули. Наводно, партиите постигнале договор за овој датум, тогаш да се случи изборното соочување меѓу партиските ривали.
Ова значи дека изборите нема да се одржат во недела, како што е вообичаено, туку во среда.
Според извори на Фактор блиски до кабинетот на претседателот, за избори на 15 јули веќе бил постигнат договор меѓу партиите, а тоа би требало да се потврди вечерва.
Нема повеќе детали дали би имало нова лидерска средба за да се разговара за ова прашање.
Засега од СДСМ не сакаат да зборуваат на оваа тема, дали е точно дека партиите ќе се усогласат за избори на средината на следниот месец.
Единствените неофицијални информации од владејачката партија се дека изборите сигурно нема да се одржат на 5 јули, односно ќе има компромис со опозицијата. Но, оттаму велат дека најверојатно изборите нама да бидат ниту на 15 јули.
Антонио Милошоски, пратеникот и дел од кандидатската листа на ВМНРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори, денеска на прес-конференција рече дека за најголемата опозициска партија е прифатливо денот на гласање да биде на 15 јули, но со исполнување на два услови.
„Доколку се воспсотави набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХР до тогаш и се воведат сериозни здравствени протоколи за изборната кампања и денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули и ќе биде победничка партија“, рече Милошоски.
Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, ги повика институциите, алудирајќи на Собранието и на Државната изборна комисија, да ги земат работите во свои раце и да стават јасно до знаење дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јули.
„Владата ја има таа јасна позиција, согласно Уредбата, Уставот и законите, денот на избори е 5 јули. Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт“, рече Спасовски во „Утрински брифинг“.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




