28 Октомври, 2024
0.0278

„НЕ ТРЕБА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА И РОЗОВИ НАСТАНИ“: Мојсоска остро за зголемената смртност меѓу жените „треба подигнување на ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО!“

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Не треба подигнување на свеста и "розови настани" - треба подигнување на ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО! - напиша пратеничката Јована Мојсовска на својот Фејсбук профил. 

Воедно го пренесе ставот на нејзината матична партија за состојбите во јавното задравство и за причини за зголемениот број на жени заболени со рак на дојка. 



Од „Левица“ порачаа дека „во Македонија секоја година се дијагностицираат околу 1.200 нови случаи на рак на дојка. Загрижувачки е што оваа болест е водечка причина за смрт од рак кај женската популација, со просечно 400 смртни случаи годишно, а слободни термини за прегледи, скоро и да нема!“.

- Жените се соочуваат со тешкотии во пристапот до квалитетни медицински услуги, особено во руралните и периферните подрачја. Листите на чекање се долги, а термините недоволни, што го пролонгира процесот на рана дијагностика, која е основ за успешен третман.

Додека истражувањата и извештаите посочуваат дека изминативе години бројот на новозаболени и смртни случаи од карцином на дојка расте - надлежните и понатаму не се чувствуваат повикани да преземат било какви мерки. Политичките елити кои секоја година одбележуваат „Розов октомври“ се дел од проблемот кој не создава функционално јавно здравство преку кое жените би можеле навремено да го детектираат и третираат канцерот на дојка - нагласуваат од „Левица“. 

Воедно потсетуваат оти „извештаите укажуваат и на тоа дека јавното здравство има сериозен недостиг на медицински кадар, особено радиолози коишто би можеле да ги прочитаат и констатираат резултатите, па пациентките, резултатите од скрининг мамографијата ги чекаат и околу три месеца“.

Поради ова ја повикуваа власта сериозно да поработи на подигнување на сопствената свест во насока на обезбедување на услови за третман на подигнатата свест кај жените.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков