НЕКАДЕ РАЗВОДОТ Е ФИНАНСИСКИ И ПРАВНО КОМПЛИЦИРАН: Ова се листите на држави со најмалку и најмногу разводи
Објавено во: Свет 13 Јуни, 2024
World Population Review oбјави листи на држави каде има најмалку и најмногу разводи.
Податоците се однесуваат за 2022 година, а се пресметани со делење на вкупниот број разводи со бројот на жители. Земјите со најниска стапка на разводи се:
Индија – 0,1 развод на 1.000 луѓе
Виетнам – 0,2
Шри Ланка – 0,2
Перу – 0,2
Свети Винсент и Гренадини – 0,4
Малта – 0,5
Јужна Африка – 0,6
Ирска – 0,6
Гватемала – 0,6
Венецуела – 0,7
Треба да се забележи дека во некои земји разводот е правно и финансиски тежок.
„Ниската стапка на разводи не мора да значи дека граѓаните на една земја имаат среќни и успешни бракови. Во некои земји разводите потешко се добиваат, сопругите не сакаат да го напуштат бракот поради своја безбедност и безбедноста на децата или немаат финансиска можност сами да го издржуваат семејството“, пишува World Population Review.
Земји со највисока стапка на разводи
Малдиви – 5,52
Казахстан – 4,6
Русија – 4,4
Белорусија – 3,7
Кина – 3,2
Куба – 2,9
Финска – 2,4
Шведска – 2,5
Данска – 2,7
Украина – 3,1
Постојат и фактори што влијаат на високата стапка на разводи. Наведените држави имаат брзи и евтини процеси на развод.
foto freepik.com/inkdrop