19 Декември, 2025
0.0510

Некои работи што не сте ги знаеле за околината на Пехчево

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2016 09:00

Добивај вести на Viber

Истражувањето на околината на Пехчево продолжува во авантуристичко запознавање со богатата флора и фауна како и ендемичниот растителен свет. Центарот на разноврсните лековити растенија може да се каже дека е селото Негрево. Во негова близина може да се најде ендемичното растение, инсектојадната DroseraRotundifolia (округлолисна муволовка) или попозната меѓу локалното население само како муволовка. Дросерата е балкански ендемит, којшто го има уште во неколку балкански земји, но ова необично зелено-црвено растение што со своите бои ги привлекува инсектите, го има единствено тука. Пехчевската авантура или патеката којашто води од селото Негрево до инсектојадното растение, е наречена Патеката на Петко и шумските жители и е обележана со едукативно – информативни табли.

Покрај тоа, околината на Пехчево, а посебно селото Негрево изобилува со над десет вида печурки, секој специфичен според своите ботанички својства, примена и изглед. Мувоморка змиска габа, буковка, црна труба, лисичарка, ливадските шампињони или лигавиот вргањ и уште ред други, можат да се најдат на секој чекор на падините од Малешевските планини. Покрај тоа што се непроценлив украс на планинскиот пејзаж, голем дел од овие печурки се вистински деликатес, некои имаат и лековите својства, а дел се и отровни.

Не помалку интересни за љубителите на недопрената природа и опојните мириси се токму лековитите растенија и чаеви, чијашто бројност и варијации на ова поднебје навистина импресионира.Овие предели и самата околина на Пехчево се познати по богатството од лековита флора која што заради чистата еколошка средина е посебно барана за чаеви и зачини. Бела и жолта ајдучка трева, диво нане, жолт и црвен кантарион, мајчина душица, маточина и надалеку омилениот планински чај се само неколку од многуте билки што можат да се најдат овде.

Сите препораки и дополнителни информации во врска со разновидната флора и фауна во Пехчево, посетителите може да ги добијат во новоотворениот Хотел Гогов. Хотел Гогов е единствениот хотел во Пехчево, лоциран во центарот на градот и располага со капацитети за сместување по светски стандарди, одлична услуга и богато мени од национални специјалитети. Подеднакво, хотелот е соодветен за конференциски и спортски туризам, а располага и со спа и фитнес центар за гостите.



Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА