19 Декември, 2025
0.0499

„НЕМА ДА ОСТАВИМЕ ПОД ПРАШАЛНИК НИТУ ЕДЕН ПРЕДМЕТ“: Тошковски за дивоградбите кои ги посочи градоначалничката на Скопје

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 12:46

Добивај вести на Viber

Министерството активно работи на утврдување случаи на дивоградби, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ветувајќи дека резултатите од овие постапки ќе бидат видливи во скоро време.

Тој потврди дека постои наредба од јавен обвинител и дека МВР веќе постапува по истата.

- Во однос на тоа дали има наредба од јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниту еден конкртен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно, не сме Европејци само декларативно, тоа го покажуваме со дела - кажа Тошковски. 

На прес-конференција во Владата, посветена на резултатите од првата година од неговиот мандат, Тошковски истакна дека, за разлика од претходно, сега има неселективна и бескомпромисна борба против секој што се огрешил пред законот.

- За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злупотребувале буџет, актуелни, поранешни и градоначалници - дополни Тошковски. 

На прашањето дали е утврден случај на дивоградба во Чаир, она што изминатиот период е актуелно и кое скопската градоначалничка Данела Арсовска постојано го прзентира во јавноста, Тошковски изјави дека нема конкретни информации за тој случај, но увери дека се постапува и дека резултатите ќе бидат видливи наскоро.

Министерот во своето обраќање посочи дека изминатата година разбилме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. 

- Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство - рече Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година.

Владата и МВР, посочи, нема да седат со скрестени раце  додека криминалот ни ги уништува животите, туку ќе заштитат секој граѓанин.

Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела и заплениле над 430 килограми наркотици, меѓу кои рекордни количини кокаин, спречиле три обиди за меѓународен шверц и откриле злоупотреби кај компании за произвдоство на канабис, од кои одзеле над шест тони марихуана. 

- Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција - рече Тошковски.

Во делот на корупцијата, потенцираше дека  не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на држвата од над 17 милијарди денари.

- МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните - рече Тошковски. 

Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.

Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба. 

- Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на  улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме - наведе Тошковски, најавувајќи функционалност преку проектот Безбеден град.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината