17 Декември, 2025
0.1043

Нема решение за косовското ембарго, Пешевски на ТВ дуел ја вика колешката Кусари

Објавено во: Економија 11 Септември, 2013 20:40

Добивај вести на Viber

Нема решение на повидок за кризата која настана на македонско косовската граница. И двете држави не ги повлекуваат засега мерките кои доведоа до своевидна трговска војна, Косово ембаргото за македонските производи, Македонија таксите за влез на косовските граѓани. Граничниот премин Блаце останува блокиран од македонските превозници. И додека експертите се повеќе се сомневаат дека зад трговската војна стојат политички причини, македонскиот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски упари повик до косовската министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари -Лила на ТВ дуел да ги соочат аргументите за да помогнат побрзо да се надмине проблемот. „Во јавноста во двете земји кружат различни информации и постојат многу различни мислења околу мотивите, врз кои се базира актуелната ситуација. Тоа предизвикува забуна и не придонесува за надминување на состојбите. На граѓаните им ја должиме вистината. Затоа Ве поканувам и повикувам на заеднички телевизиски настап, уште денес, каде што пред очите на јавноста ќе може да ги презентираме нашите аргументи“, стои во отвореното писмото од Пешевски до колешката Кусари. Според Пешевски,  телевизискиот дуел може да биде на македонската телевизија „Алсат-М“ или на која било друга што зрачи и во двете држави, а која ќе ја одбере Кусари. Истовремено и косовскиот премиер, Хашим Тачи ја задолжи министерката Кусари итно да го реши проблемот, а како што пренесе косовската телевизија, Тачи разговарал со премиерот Никола Груевски и истакнал дека состојбата набрзо ќе се нормализира. Проблемот меѓу Македонија и Косово започна пред една седмица, кога без никаква најава, а поради мерките за ограничување на увозот на брашно од Косово во Македонија, Косово стави ембарго на повеќе македонски производи. Македонската влада на ова врати со воведување текаси за косовските државјани кои влегуваат во Македонија, за потоа Косово целосно да ја спушти рампата за увоз на македонски производи.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи