15 Мај, 2024
0.0279

Неочекуваното наследство од еден селски фризер

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Нормандиско село со 850 жители наследи 2,5 милиони евра во хартии од вредност и имот , оставени од поранешен фризер од ова село, кој живеел многу скромно во Париз . "Поранешниот фризер , живееше многу скромно во Париз во стан од 20 квадратни метри, на петтиот кат во зграда без лифт", раскажува градоначалникот на Сен Жермен де ла Кудер, Даниел Мари . Фризерот Рејмон Брно му оставил на селото 2.15 милиони евра добиени од продажба на хартии од вредност и од осигурување на живот . Сумата е три пати поголема од годишниот буџет на селото. Покрај тоа, тој оставил и три куќи - две во Сен Жермен де ла Кудер и една во Теил , како и мал стан во Париз , во кој починал на 93-годишна возраст во 2012 година. Вредноста на недвижностите е околу 350-400 000 евра . "Тој никогаш не сакаше да се искористат овие пари и ги остави сите на местото во кое се беше родил и пораснал " , додава градоначалникот. Жителите на селото добро го познаваат великодушниот добротвор , кој често гостувал во родното место на својот брат, кој починал пред него . И двајцата биле ергени , без деца. Единствениот услов на наследството било руралните имоти на фризерот да не бидат продадени на приватни сопственици во следните 100 години. Градската власт ја утврдила вредноста на наследството дури во 2013 година . Со парите таа има намера да го реновира училиштето , центарот на селото и да ги реставрира наследените куќи.

Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?