НЕОФИЦИЈАЛНИ БРОЈКИ, НО ВИСОКИ И ДЕНЕСКА: Новозаразени над 135
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020
Неофицијално над
135 нови случаи на коронавирусот се регистрирани и денеска на ниво на цела
територија, а само во Скопје има околу 70-ттина позитивни на Ковид 19. Бројките
се неофицијални, бидејќи не се целосно стигнати резултатите од сите лаборатории
каде се прават тестирањата.
Изминативе десеттина дена земјава бележи зголемен број на инфицирани со вирусот, заради што денеска се очекува обраќањето на претседателот Стево Пендаровски кој треба да ја информира јавноста дали ќе има продолжување на вонредната состојба или нејзино укинување, со целе непречено организирање на вонредните парламентарни избори.