23 Јануари, 2025
0.0362

НЕСПОРЕН Е ФАКТОТ ДЕКА ИМАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Митева за потребите да се купи нов авион, ги спомена ризиците

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, нагласи на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, откако оваа тема ја отвори директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

- Зборуваме како Влада за нешто што значи одговорност кон државниот имот, но и одговорност која што не е лична или индивидуална, туку е за потребите и намената на државата. Неодговорно е да имате опозиција која што изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот. Не само што не направи нешто ново, туку и она што беше досега направено го остави во незаборав на времето. Неспорен е фактот дека имаме еден претседател којшто има загинато во авионска несреќа, неспорен е фактот што имаме еден претседател врз којшто беше извршен обид за атентат и неспорен е фактот дека секоја држава треба да размислува како да ги намали овие ризици, изјави Митева.

Нагласи дека за државните интереси мора да се размислува со разум и одговорност, а не со политика.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски во  телевизиско гостување во понеделникот изјави дека треба да се размислува за набавка на нов државен авион, макар и половен, зашто, како што рече, воздухопловот што моментално го имаме, има само шест седишта, непрактичен е за поголеми делегации и често се расипува.

- Ако претендираме и сакаме да бидеме сериозна држава, треба да имаме соодветен воздухоплов, а воздухопловот што моментално го имаме, има само шест седишта, непрактичен е за поголеми делегации, често се расипува и поради тоа сметам дека треба да се размислува сериозно за набавка на нов авион, можеби и половен авион, но не постар од две-три години и по тоа прашање треба да се има еден заеднички консензус опозиција-власт, изјави  Томовски, посочувајќи дека се согласува оти владиниот авион „лирџет 60“ не е многу стар, купен e 2005 година и е редовно одржуван, но, потенцираше дека многу често се случуваат дефекти.


Можеби ќе ве интересира

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје